Водич низ СКОПЈЕ

Езерото Треска на милост на времето

AL

Езерото Треска според сите изгледи и оваа сезона ќе остане без посетители. Граѓаните велат дека и годинава во езерото ќе се разладуваат комарците, бидејќи е претворено во мочуриште и воопшто не е безбедно за капење.

Liqeni_Treskes_4 balkon3

Но, и покрај таквата мизерна состојба, граѓаните одвреме – навреме го посетуваат езерото Треска. Некои од нив со семејствата излегуваат на чист воздух и на скара. Неколкуте граѓани кои ги сретнавме за време на викендот, рекоа дека е жално што надлежните се однесуваат на ваков начин со овој рекреативен центар, кој според нив, е изграден со пари на граѓаните, а сега е оставен да се распадне без никој да се грижи за него.

Liqeni_Treskes_1 balkon3

Некогаш ова место беше оаза за сите скопјани, но и за жителите на околните градови. Денеска тие треба да патуваат стотици километри за да одат до Охрид, Струга или Дојран. Сето ова поради небрежноста на одговорните за да го стават во функција езерото“, ни рече еден граѓанин од Скопје што го сретнавме во близина на езерото.

„Водата не е чиста и има бактерии. Местото треба да заживее и луѓето да доаѓаат за да се одморат и да се разладуваат, да се капат и сончаат, да дојдат на скара. Со еден збор, да уживаат“, вели друг граѓанин.

Liqeni_Treskes_5 balkon3 Liqeni_Treskes_2 balkon3

За да се врати сјајот на ова езеро, потребно е да се сменат многу нешта. Можеби најпрвин треба да се тргне од тоалетите, а потоа сето останато, бидејќи се` е запоставено.

Граѓаните ги прашуваат и локалните власти и нивните претпоставени зошто на пример се прават нови плажи во центарот на градот, а никој не се обидува да го стави во функција овој центар, кој во секое време може да собере до 10 илјади посетители.

Liqeni_Treskes_3 balkon3

Според надлежните, потребни се околу 5 милиони евра за целосна ревитализација на овој комплекс.

Езерото Треска е изградено во 1978 година. Комплексот се простира на површина од 35 хектари, од кои еден дел се зелени површини, а другиот дел се водени површини. Овој рекреативен центар активно функционираше до 1989 година.

Бедри Реџалари

Коментари