Традиционално, Денот на пролетта, или Ѓурѓовден и православните и Ромите муслимани секоја година го слават излегувајќи на пикник на зеленило. Оваа година последниот ден од Ѓурѓовден се поклопи со 9 Мај, Денот на Европа. Поради дождливото време, Здружението за развој на ромската заедница Сумнал (види www.sumnal.org) наместо пикник на зеленило, заедно со младите, во просториите на организацијата организираше активност насловена како “Евро – Кафе”.На дружење со кафе муабет го прославија Денот на Европа и ги изразија своите потреби, размислувања и приоритети од областа на образованието, човековите права и еднакви можности, животната средина, културата и младите.
Целта на активноста беше подигање на европските вредности и принципи и нивната имплементација во реалниот живот во нашата земја.
На прославата традиционално, во духот на празникот и добрососедството беа поканети и гости од амбасадата на САД во Македонија како први комшии. На младите од Сумнал и останатите групи им се придружија Kim Spivak, шефот на одделот за млади и образование во Американската амбасада и Chris Henshаw , Директорот на Националниот демократски институт во Македонија.
(Х.Г.)