Најголемата туристичка атракција на Истанбул. Центар на Османлиската империја, срцето на Истанбул. Поранешен главен град на Источен Рим и Византија.
Преку ден брои над 2 милиони жители велат луѓето со кои разговаравме, навечер бројката се намалувало на само 30 илјади. Нејзините улици навечер се осамени и тивки. Еминону е срцето на трговијата. Облакодерите, големите трговски центри не успеваат да му го одземат овој епитет кој трае 1500 години без прекин. На историското место нема што нема, улични продавачи од Африка, пристаништа, бродови за премин во Азија, џамии, и секако сендвич со риба.
Балкон 3, преку фотографии ќе ви ја пренесе приказната за еден поинаков свет..

Центар на трговијата, улични продавачи од цел свет

Еминону, еден поинаков свет

Новата Џамија – Изградена во 1597 година, преставува последен пример на големите џамии изградени од страна на Отоманските султани.

Мостот Галата – Горе рибари, доле рибни ресторани

Една од безбројните мали и тесни улички

Патокази на секаде, не можете ништо да промашите

Животот е тежок, и на стари години мора да се работи

Бројаниците се најбарани

За една лира можете да купите пченица за дивите гулаби кои се сместени во Новата Џамија, бабичката се срамеше од фотоапаратот на Балкон3:)

Мало детенце ги брка гулабите:)

Дивите гулаби одмараат на вертикалниот ѕид на џамијата

Рибари и трски, долгогодишен имиџ на мостот Галата

Туристите со внимание ги следат рибарите

Изглед на кајчето каде што се пече риба

Риба сендвич, најдобар истанбулски вкус
Фото: Хусамедин Гина