“Јас сум Босанец, и Будинец и Скопјанец, Атињанец, воедно и Софијанец и Ерзурумец, но сепак јас сум Истанбулчанец и воопшто не правам разлика” вели Екрем Хаки Ајверди, архитект, историчар, реставратор и колекционер.
“Тој e сакан и почитуван од сите интелектуалци. Лицето Екрем Хакки Ајверди кај мене евоцира жив споменик на османлиската историја. Исправен, висок, слаб, со широко чело, и длабок достоинствен поглед. Неговата љубов и почит кон младите пак, е само одраз на неговата големина како уметник” вели Мухарем Ергин, истражувач на турската литература и култура.
Институтот Јунус Емре- Турски Културен центар во Скопје во соработка со Фондацијата „Куббеалти„ организираше средба по повод 30 годишнината од смртта на познатиот архитект. Покрај турската баклава, чај и кафе, вечерта беше збогатена и со музички рецитал со Џенгиз Ибрахим – Канун и Аббаз Јахја – Неј.
На средбата свечена гостинка беше историчарката на уметност Лидија Кумбараџи авторка на книгата „Османлиски споменици во Скопје“. “Стара сум, имам здравстевни проблеми, но, кога ја добив поканата да присуствувам на оваа средба, не можев да ја одбијам, помина долго време откако последен пат соработувавме со професорите од Турција, што веќе ги имам заборавено и како изгледаат” рече Лидија, со затреперен глас, и додаде дека “Екрем Хакки Ајверди е голем турски научник, со непроценлива вредност”.
За животот и делото на Екрем Ајверди говореше Синан Улуант, Претседател на одборот на доверители на фондацијата Куббелти, воедно и негов внук. “Имаше огромно познавање и искуство. Беше многу скромен. Имаше знаење, но, не беше покорен на своето знаење. Се што знаеше од областа на културата, уметноста, литературата, правдата и вистината ја споделуваше со своите соговорници” рече, Синан.
Синан се сеќава и на тоа дека кога ќе го прашање Ајверди за тоа до кога би требало да ја завршат задача која им ја доверил секогаш велел вчера. Но, исто така признава дека големиот архитект сакал да станува подоцна, но, теренската работа да ја заврши во доцните ноќни часови.
Екрем Ајверди за да ги утврди архитектонските дела надвор од границите на Турција, патувал два пати, и тоа во 1975 и 1976 година. По долгите архивски истражувања ја подготвил книгата Османлиската архитектура во Европа. Книгата се состои од четири големи тома, и тоа од следните земји: Романија, Унгарија, Југославија, Албанија, Грција и Бугарија”.
Во книгите ги содржи архитектурите од почетокот на создавањето на османлиската архитектура до крајот на ерата на Фатих Султан Мехмед, тоа опфаќа период од 250 години.
Архитектонското образование го искористил за зачувување на османлиските споменици. Ајверди не се занимавал само со камења туку и со душата на тие камења.
Во долгата кариера има подготвено 16 книги, како изведувач само во Истанбул изградил и реставрирал 32 споменици од културата, од 1922 до 1950 година. Тука пред се мора да се спомене реставрацијата на Аја Софија, централната зграда на Истанбулскиот универзитет и Селимије Џамијата во Едирне.
Хусамедин Гина