Наградата “Најдобар едноминутен филм” на Скопје филм фестивал 2012 ја доби авторот Јордан Дуков, за филмот: CARWASH CABARET… Секоја година во рамките на Скопје филм фестивал има конкурс на едноминутни филмови, натпревар во кој новите филмаџии се обидуваат да го реализираат најчесто својот прв филм.
Постојат правила во снимањето на едноминутен филм, но оваа година организаторите на фестивалот се одлучија да не ја ограничуваат креативноста на учесниците на натпреварот. Иако минатите конкурси за едноминутен филм беа со зададена тема, оваа година темата беше слободна. На овогодинешниот наптревар за едноминутен филм на Скопје филм фестивал пристигнати беа 17 филма. На проекцијата, која се одржа во Кинотека на Македонија, учесниците и публиката имаа можност за прв пат да ги видат сите 17 филма на големото платно. (Ј.Д.)