“Пивото не е кривично дело”, е пораката која со својот графит двајца уметници ја пренесоа на јавноста во Иран. Пивото во Иран се третира како кривично дело. Icy и Sot, двајца браќа кои работеле во иранскиот велеград Табриз каде има 1.5 милиони жители буквално ги преполниле улиците и ѕидовите со нивните графити.
Оваа улична уметност на браќата често не наидува на одобрување во јавноста, како поради природата на режимот во оваа земја така и поради ограниченоста на граѓаните. Токму затоа може да се забележат и примери каде нивните дела се уништени. Погледнете ги дел од делата на овие млади уметници кои може да ги шокираат елитистите од овие краишта кои мислат дека во Иран вакво нешто е практично невозможно.
Автор: Lupiga
Фото: IcyAndSot