„Можете да го промените светот. Дејствувајте веднаш. Ова е пораката на најбогатиот Грк на светот, Џон Пол Деџориа до сите градежни претприемачи во светот.“
Најбогатиот Грк на новата листа на милијардери на Форбс, се уште е Џон Пол. Спиро Латсис падна од првото место на најбогат Грк во Грција, откако на врвот на најбогатите се искачи Аристотелис Мистакидес. Така што новата листа на Форбс за 2013/2014 која ќе почне да се прави на лето, ќе биде многу интересна за читање.
Грчките милијардери од грчката листа на најбогати, како Стелиос Хаџијоану и Алки Давид од Велика Британија и семејството Хасеотес од САД не се најдоа на листата на Форбс. Мајк Лазаридес од Канада, кој е основач и извршен директор на РИМ, производителот на Блекбери и порано вредеше над 2,2 милијарди долари, сега е исфрлен од листата на Форбс. Меѓу првите 1000 најбогати на Форбс се наоѓаат девет Грци или милијардери од грчко потекло. Џон Пол Деџорија и неговата фирма Hair Products е на 276 место, со 4 милијарди долари, на 418 место е Аристотелис Мистакидис, Glencore Internacional со 2,2 милијарди долари. По нив на 464 место доаѓа банкарскиот магнат Спиро Латсис, па на 491 место Филип Ниакрос, Art Collection, Џорџ Мичел, Oil&Gas, САД, на 634 место Џон Кастиматидис, Oil/Real estate, 683 место Џим Дејвис, New Balance, па Мајл Јахарис, Pharmaceuticals, и на 719 место Џорџ Аргирос, Real Estate.
На листата на Форбс, меѓу најбогатите 1266, се намали и бројот на богатите Турци. Од 39 богати Турци на минатогодишната листа, сега Форбс во најбогатите вброи 35 турски државјани, од кои еден турски бизнисмен од турскиот дел на Кипар. Со 3 милијарди долари, претседавачот на Фиба Холдинг, Хисни Озјегин е највисоко рангираниот Турчин на листата, иако од минатогодишното 317 место падна на 377 место. Со 2,9 милијарди долари, на 401 место следува Мехмет Емин Карамехмет, претседавач на Чукурова Холдинг. Скок за над 40 места, од 463 место на 418 место на листата најбогати направо Мурат Улкер, претседавачот на Јилдиз Улкер (Yildiz Ulker), компанијата која ја гупи познатата Годива Чоколади (Godiva Chocolates). По него, на 491 место е Рами Коч, сопственик на Коч Холдинг, во Македонија познат по трговските центри Рамстор.
Меѓу најбогатите во светот, на 521 место на листата на Форбс има еден Македонец, Мајкл Илич, со најголемата бизнис империја во Мичиген. Сопственик е на хокеј клубот Детроит Ред Вингс, безбол тимот Детроит Тигри, а поседува и 15 отсто од НБА-тимот Детроит Пистонс. Тој е препознатлив и по синџирот ресторани за брза храна Little Ceaser’s pizza, со 4000 ресторани низ целиот свет.
И оваа година на прво место на најбогатите во светот останува Максиканецот Карлос Слим со 69 милијарди долари, пред Бил Гејтс кој има 61 милијарда долари. (Д.Ч.)