Деца не сте сами! Ова е основната порака која ја дадоа странските амбасади во нашата земја. По повод Меѓународниот ден на детото, не ги заборавија децата, се собраа, заедно, пред Спомен куќата на `Мајка Тереза`, и беа дел од добротворна мисија.

Децата од мали нозе се учат на најскапоценото нешто, да подадат рака

Американскиот Амбасадор Пол Волерс - скара мајстор

Стари книги само за 50 денари

Голем интерес за книгите
Според невладината организација „ Добредојде – Macedonia Welcome Centre` – Скопје, ваква манифестација во Македонија се оддржува за прв пат. `На овој ден би требало да бидеме во мислите на милионите невидливи деца ширум светот, кој живеат во сиромаштија, на улици, во институции или на принудна работа одвоени од своите семејства. Овој ден го потсеќа светот, колку важни и значајни се децата` изјавија од Добредојде.

Таман за мене

Ебру уметност –уникатна декоративна уменост

Калиграфска уметност – вашето име за една минута

Турски специјалитети
`Ваквите активности и проекти се уште повеќе важни во денешно време кога сите се соочуваме со економска криза, нејзините последици и бројни лични проблеми, за жал тоа се проблеми кои посегнуваат по животите на семејствата и слабее положбата на децата` изјави почесниот претседателна`Меѓународниот добротворен базар` словенечкиот амбасадор Алан Брајан Бергант.Собраните пари ќе бидат донирани на училиштето за деца со посебни потреби `Иднина`.

ЕУ секогаш интересна

Помошта е добродојдена

Германска амбасада – од се по нешто

Холандска амбасада – во знак на портокаловата боја
На базарот учествува американската, турската, бугарската, хрватската, германската, холандската, кинеската, словачката, словенечката, српската амбасада и канцеларијата на ЕУ во Македонија.

Среќно семејство- ја завршија добротворната мисија

Романска амбасада – најпривлечна за децата

Израелска амбасада – еврејската пита ја продаваше за 40 денари

Дел од програмата
Објективот на Балкон 3 беше таму и ја долови прекрасната добротворна атмосфера…
Хусамедин Гина