Многумина посакуваат државно вработување. Но ретко кој го замислува вака.
Само луѓето што го следат својот сон. Можат максимално да се вложат во секоја работа.
Нема кој не го знае Војо Иванов. Или – Војо со животните. Човекот кој на најзабавен начин им го доближуваше природниот свет на луѓето, сега има нова мисија. Да го направи човечкиот свет попријатен за животните.
„Вие можете да бидете конекција помеѓу животното и публиката, да ја припитомите по дивата публика во овој случај, ама и во другиот дивата природа да ја доближите кон публикава, да направите една флуид, една конекција, да бидете месинџер помеѓу јазикот на животните и публиката која не знае можеби толку да го толкува ова“.
Во современите зоолошки градини има еден принцип. Жителите се главни, и мора да им се пружат најдобрите можни услови.
Ова се луѓето што не чекаат решенија, туку ги бараат. Не креваат раце, туку ги засукуваат ракавите. Познати им се и пречките, и неуспесите, и тешките услови. Се борат со бирократски лавиринти, недоречени закони, партиски притисоци, приватни интереси. И не се откажуваат. Тие се носителите на промени.
„Ова не е само приказна за животните. Ниту за љубителите на животни. Сегашната приказна за Војо Иванов е пример како некој што станал добар во својата работа се вклучува во јавниот сектор и пробува да ги подобри работите таму. Да ги претвори зборовите во дела. Војо бил предизвикан и одговорил на предизвикот“.
„После едно мое телевизиско интервју во кое што бев ајде да речам провоциран и прашан токму на темата што сметам за Зоолошката дека е подобро и дали нов директор кој што доаѓа од тотално друга бранша и профил е паметно нешто за Зоолошката веројатно тоа го иницираше и тој да направи промена од системот во кој што веројатно Зоолошката беше заглавена, а тоа е да ме вклучи и мене бидејќи често пати со претходните директори сум имал соработка но никогаш не била таа докрај завршена бидејќи секогаш сум оној што секогаш за нешто мрчи и се расправа“.
„После ете добри 20 години прв пат сум внатре за да пробаме заеднички пак ќе речам со луѓето од внатре да пробаме да пробаме да смениме некои системи и навики во кој што верувам дека голем дел од луѓето овде се заглавени“
Од лани Војо работи за скопската зоолошка градина. Како животно што ќе се најде во непозната средина, така и тој морал да се соочи со многу необични појави од другата страна на оградата.
„Секојдневно наидувате на бариери, на некакви блокатори, па зошто тоа, па кој си ти, па тука 90 години така, 20 сум јас овде, зошто баш сега тоа е така“.
Но како човек што доаѓа од приватниот сектор, и како активист, знае дека секој има одговорност кон некого. Трговецот кон купувачите, големата компанија кон клиентите, а јавната установа кон граѓаните.
„Во моментов ние располагаме со Јавно претпријатие, ЈП Зоолошка градина Скопје. Ние одговараме кон јавноста, парите кои што ги добиваме се од граѓаните. Затоа многу често велам тие треба да бидат тие кои што ќе бараат од нас. Тие ќе треба да си го побаарат гласот нели, тие треба да бидат многу попроактивни од она кое што го имавме. Среќа некако во последниве години со социјалните мрежи се повеќе луѓе се ослободија за да го кренат својот глас, за да го кажат“.
Порано зоолошките се правеле од бетон, за полесно да се чистат. Старата бетонска градина во Скопје беше пред затворање поради лошите услови.
Наместо тоа, целосно се реновираше според новите стандарди – да личи на природна средина.
Денес таа е кандидат за членство во ЕАЗА – Европската асоцијација на зоо-градини и аквариуми.
Но уште многу услови треба да се исполнат, а деталите се многу поважни од големата слика.
„Ние имаме живеалиште за шимпанза, во нашата близнина сега кај што снимаме , и последниот пат еве менторот од ЕАЗА конкретно за шимпанза замерката му беше дека недостасуваат доволно, нема доволно дрвени греди внатре. Исега живеалиште кое чини реална сума на илјадници евра тој наоѓа замерка нели дрвени греди. Зошто? Заради тоа што нема животното доволно место за да се движи нели и вели на тој начин ќе му овозможите многу подобар простор“.
Дури и кога работите однадвор изгледаат убаво, идилично, внатре секогаш има нешта што треба да се подобрат.
„Сега веќе треба да имаме конкретна стратегија каде и што со органскиот отпад, енорганскиот отпад од посетителите, голем дел од објектите немаа енергетска ефикасност, мали детали треба да се изменат, направат за да заштедат енергија. Иако е Јавна установа, нели во текнува државно е нема нека гори. Не не може да гори“.
Скопската зоолошка се простира на 13 хектари. Во неа живеат околу 400 животни од над 70 различни видови. Во најдобрите денови во неа доаѓаат и по 15.000 посетители. Тоа е како по еден човек на секои осум квадрати. Потребен е голем ангажман за тоа да не се претвори во хаос и во големо вознемирување за животните.
А најмногу работа има онаму каде што не се гледа – во позадина. Во организацијата, навиките, процедурите и меѓусебните односи. Тоа е главната задача на Војо – да создаде домашна атмосфера во домот на животните.
„Ако влезето во Зоолошката и ако сте постојан посетител мислам дека и нема да приметите некоја голема разлика, веројатно физички работите се сите на истото место. Е сега мислам дека во моментов имаме една состојба каде ние пробуваме да креираме малку љубов внатре за да можеме таа љубов понатаму да ја дадеме и на животните.
„Вие сте тие што правите ден, ноќ, оф, он, вие сте тие што носите храна, нешто што во природата не постои нели. Вие сте еден вид леилузионист за животното во овој случај, а во исто време треба да, ако сте во Македонија, треба да се справувате и со публика, да објасните на нејзе, да пробате да ја едуцирате, да ја опоменете, при тоа да влијаете едукативно на децата, да се грижите за хигиената, но и за добросостојбата на животните и не е едноставна работа, ќе речам, но веројатно тоа е најголемата замерка која во моментов ја добиваме“.
Зоолошката е дел од градот, дел од заедницата
Затоа секој треба да помага, да волонтира во неа
Војо Иванов работи со средните училишта да ги поттикне учениците да се вклучат
Вели – секој што барем еднаш помогнал, ја чувствува градината како своја.
Катерина Спасовска Трпковска