Водич низ СКОПЈЕ

Човештвото бара спас во Турција и во Франција за судниот ден

TR GR EN

Колони возила од цел свет возат кон турското село Ширинџе и француското село Бугарах, кои според пророштвото на Маите единствени ќе бидат поштедени за судниот ден закажан за 21 12 2012. Меѓу оние што се упатија кон Ширинџе е и американскиот актер Том Круз, сциентолог кој верува дека има вистина во старото пророштво.

Долго најавуваниот крај на светот би требало да се случи за само неколку дена. Според  календарот на Маите Апокалипсата е закажана за 21-ви декември 2012. Но сепак, крај на светот нема да има само во измирското село Ширинџе и селото Бугарах во јужниот дел на Франција. “Ако стигнат толкав број на туристи како што се најавува, тек тогаш во селото ќе има суден ден” велат хотелиерите во селото.

Малото измирско село Ширинџе кое има само 687 жители ги заврши подготовките за пречекување на илјадниците луѓе кои сакаат да ја преживеат апокалипсата. На 21 декември се очекува во селото да стигнат десетици илјади туристи, кои нај сериозно го сфатиле доаѓањето на Апокалипсата.

Обезбедување на највисоко ниво

Ширинџе е подготвена за 21 Декември изјави Гувернерот на Селџук Ајхан Бојаџи и додаде: Хотелските резервации се енормно зголемени, Ширинџе секогаш била туристички атрактивна но оваа побарувачка е нешто сосема друго. Ние ги преземавме вообичаените безбедносни мерки. Здравствените услуги, јавната безбедност, сообраќајот се подготвени. Истотака решени се и паркинг просторите. Сигурносните и безбедносните сили се подготвени за `судниот ден`” изјави тој.

Резерви на храна и вода

Граданочалникот на општината е многу среќен, Ширинџе ќе има прилика да биде запознаена од целиот свет. “Тоа ќе биде една од најголемите и најчудната организација во регионот. Не можам да предвидам колку инфраструктурата ќе го издржи сето тоа. Превземени се мерки за складирање на вода и храна. За да се избегнат проблемите во комуникацијата контактирани се и мобилните оператори. Треба да се инсталираат дополнителни мобилни страници. Исто така ќе се организира и едносмерен сообраќај, за да се намали гужвата” рече градоначалникот Вефа Улгур.

Соба илјада лири (450 евра)

Преголемата побарувачка ги зголеми и цените. Сопственикот на конаците (преноќиштата) Киркинџа во Ширинџе Мустафа Јилдирди вели: “Сместувањата во Ширинџе обично се мали. Има неколку соби и легла. Ние имаме 17 соби. Помеѓу 18-24 демекври слободни места веќе нема. Речиси пред два месеци се е резервирано. Ние не ги зголемивме цените, изнајмувањето соба дневно изнесува 150 лири (65 евра). Сепак слушнавме дека во другите конаци цените се зголемени на 1000 лири (450 евра). ” додаде Мустафа.

“Треба да се превземат рационални мерки. Ако стигнат толкав број на туристи како што се најавува, тек тогаш во селото ќе има суден ден. Јас сакам да поставам шатори за 2000 луѓе, но се откажав. Ширинџе има капацитет за 400-500 луѓе. Можеби треба да се регулира сообраќајот. Да не се дозволи да се влезе во селото. Тој ден хотелот ќе ми биде бесплатен, тоа го прогласив пред три недели. Веднаш се наполни.” изјави Шеван Нишанјан, сопственик на хотел. (Х.Г.)

Коментари