Поговорката `ако ја споделиш болката таа ќе се намали, ако, пак, ја споделиш радоста таа ќе зголеми` најмногу одговара токму за селата. Во тоа се уверивме, кога по повод Меѓународниот фестивал на пролетни веселби го посетивме селото Чаликли, Валандовско.
Искрените, љубезни и гостољубиви домаќини гостите ги пречекуваа уште на самиот влез на селото. Возбудата и радоста да се биде домаќин на фестивалот ја споделуваа со сите гости.
Објективот на Балкон3 ги забележа следните моменти…

Бабичка, најстарата жителка во селото

Шумар, збунет од големата гужва

фестивалот се следи со големо внимание

домаќините највесели

фолклорна група од Украина

Нешто мора и да се заработи

Зурлата се тестира

дел од куќите се напуштени

Традиционален фустан од Валандовскиот регион
Традиционалниот фестивал за жителите на Чаликли, покрај возбудата од запознавање со нови лица и среќавање со подалечни роднини, претставува голема одговорност. Од една страна да се задоволат гостите, од друга страна пак за неколку дена да се престави традицијата на јуруците кои живеат во источниот дел на Македонија. (Х.Г.)