Водич низ СКОПЈЕ

БУРСА – СОН КОЈ НЕ СЕ РАСКАЖУВА

Ако ви потечат солзи кога ќе ја видете регистарската табличка број 16, ако на стадионот Ататурк навивате само за Бурсаспор, ако на влезот во градот го почуствувате Осман Гази, и, ако ви недостасуваат театарот на сенките Карагоз и Хаџиват, може со сигурност да се каже дека вие веќе сте Бурсанчанец!  Да, јас веќе сум Бурсанчанец! Зошто? Одговорот ќе го најдете во оваа репортажа на Балкон3. Foto 1Пред да тргнам на пат, си ги освежувам знаењата за зелениот град. Бурса е град на султаните, светците, суфите. Исто така е првиот главен град на Отоманската империја. Стотици написи, статии, илјадници страници не се доволни за целосно да се раскаже приказната за легендарниот град. Читајќи заклучувам дека секој дел од градот си има своја историја.

По еден час летање од Скопје до Истанбул, и уште два часа со автобус од Истанбул до Бурса,  20 новинари од различни медиуми од Македонија пристигнува во пристаништето Ескихисар во Гебзе. Погледот кон траектот е совршен. Галебите кои летаат над фериботот, се натпреваруваат еден со друг. Борба кој прв ќе го дофати ѓеврекот, подарок од патниците. Глетката не потсетува на познатата изрека „Галебите живеат за ѓеврек, луѓето за надеж”, или на песната “Ако птиците кои летаат се галеби, пристига зелената и слатка пролет”.

Foto 1a Foto 2

Нашата прва средба со Бурса се случува во ресторанот Ататепе, социјална установа на општината. Прекрасната планина, морето и шармантниот амбиент придонесува ручекот да биде совршен. Во ресторанот се нудат сите видови на риби со прекрасен вкус. Сафет Јилмаз, директорот за односи со јавноста на општина Бурса, покажува фотографии и информации за градот, по што заклучуваме дека нашата посета на овој историски град полн со приоказни, ќе биде повеќе од интересна. Бурса со своите културни, историски и природни богатства е оргинално место, каде што било кој светски турист ќе може да пронајде дел од себе и дел од историјата на човештвото.

Cajcilnica11

Бурса – мост меѓу Македонија и Турција 

На вториот ден од нашата посета, првата дестинација е општината. По топлото добродојде од домаќините и уживање во турскиот чај на стаклената тераса, се среќаваме со градоначалникот Реџеп Алтепе, нашиот домаќин. Градоначалникот зборува за инвестициите на Бурса во регионот, состојбите на Балканот и односите на Турција и Македонија. „Односите на Турција со Балканските земји долги години не беа на посакуваното ниво, постоеше студенило, но ние напорно работиме за да ја подобриме оваа состојба. Балканските земји се многу значајни за нас, бидејќи тоа се земји на нашите предци. Покрај тоа, голем дел на луѓето кои живеат таму денес имаат роднини во Бурса”, рече градоначалникот најавувајќи интересна дискусија.

Foto 4

„Ние имаме единствена цел. Македонија и другите балкански земји на економски план да застанат на своите нозе и да се подобри економската состојба на граѓаните. Бурса ја превзеде одговорноста да биде мост во односите помеѓу Турција и Македонија. Покрај реставрацијата на историските споменици,  Турција ќе продолжи да ги поддржува социјални и културни активности  во регионот ”.

Зелената  Бурса

Агендата вели време е за посета на историските места. За мене, најинтересниот дел. Застануваме кај Салтанат Портата, фотографираме и продолжуваме кон местото Топхане. Таму го посетивме турбето на основачите на Отоманската Држава Осман и Орхан Гази. Ја почуствуваме прекрасната духовна атмосфера, читаме молитви и продолжуваме кон Топхане, каде што Бурса може да се види од птичја атмосфера.foto 5Идеално место за да се пронајде внатрешниот мир. Покрај прекрасната можност за да се уверите во зеленилото на Бурса, Топхане претставува одлично место за летните вечери. Топлиот чај атмосферата дополнително ќе ја разубави.

Foto 6_resize22

Малку статистика. Податоците велат дека Бурса е еден од најбезбедните градови во Турција. Имав и лично искуство да посведочам за тоа. Фотографирајќи ја прекрасната панорама на Бурса од Топхане, на местото ја заборавив торбата од фотоапаратот. Немав намера да се вратам повторно назад, бев сигурен дека некој ја земал. Сепак, на инсистирање на нашиот водич Ирфан Шабан, се вративме. Ирфан е помошник на заменик градоначалникот на скопската општина Чаир, Сулејман Баки, кој вооедно е и организатор на посетата. Чичкото кој продаваше мали сувенири на тоа место, ја земал торбата и ја обесил на едно дрво. „Ташната е тука! ”, рече тој. Ја земав, чесноста се уште постои, си реков самиот на себе.

Foto 7_resize Camija

Бурса е карактеристичен град. Античките и модерните објекти се адаптирале едни покрај други. Продолжуваме со шетањето, нас не придружува Емир Џемал Бешкардеш, советник во општината. Иако однапред беше определена агендата, Емир вели дека можно е да се промени и се обидува да ги задоволи сите наши желби. Било да е јадење, чај, кафе, посета или која било друга желба. Да се слушне зборот „не е можно“ беше навистина невозможно. Веќе сме кај Зеленото Турбе и Зелената Џамија, кои се симбол на Бурса. Убавината на џамијата ве фасцинира.

Foto 11_resize

Зелената џамија е изработена од мермер со многу елегантна декорација. Внатре ѕидовите се покриени со темно зелени плочи. Многу е интересен податокот дека не се користела само како џамија туку и како место од каде се управувал градот. Една од најубавите џамии во Бурса и пошироко.

Foto 12a_resize

За да се заштити зелениот имиџ на Бурса, општината развива проекти  „Политика за заштита на дрвото“. Со природните ресурси, зеленото ткиво, 833 спомен дрвја од 100-600 годишна возраст и со лековити бањи историскиот град е познат како „Зелена Бурса“. 

Foto 14_resizeИсто како денес и во минатото многу патописци и историчари биле заинтригирани за овој прекрасен град. Секое дрво кое сведочи на историјата има свое име и презиме.

Патописецот Poujoulat  за Бурса го користи следниот израз: „Бурса личи на надреалните приказни од 1001 ноќ“. Своето место го наоѓа и во голем број на песни. Поетот Ахмет Хамди Танпинар вели: “Бурса е кристален лустер…Кај и да отидеш ќе ти недостига. Неговиот мирис можеш да го понесеш секаде каде што ќе одиш. Твоите очи секогаш ќе ја побараат Улу (Голема) Џамија во средината на градот, мекоста на свилата, испиениот чај во Топхане, остриот мирис на кафето во Капали Чаршијата, смиреноста на Зелената Џамија, па дури и куклениот театар Карагоз и Хаџиват”. …

Foto 14 a Karagoz i Hacivat muzej_resize11

Бурса сон кој не се раскажува

Постои една изрека убавото време многу бргу минува. Во Бурса времето одлета. Не знаеме како помина. Убавината која се протега надвор од сопствените граници секогаш не е лесно да се раскаже. Затоа не е можно во една репортажа да се раскаже за Бурса. Но, ова секако дека мораше да го споделиме. Бурса е град кој што никогаш не спие. Граѓаните навиваат за својот градски клуб, и да победат и да изгубат, поддршката е беспрекорна. Улиците се чисти, тротоарите зелено бели. Според мештаните жичарата на Улу Даг, најпознатато место за зимски туризам во Турција е место каде што започнувале најголемите љубови. Не успеавме да ја посетиме, жичарата се реновираше, за десетина дена ќе биде биде пуштена. Така што, среќата да ја најдеме љубовта ќе ја бараме при друга посета.

Foto 15_resize

Се случува понекогаш да сонувате, потоа тој сон да го раскажете со возбуда или пак да слушате за соништата на другите лица. Но, никогаш не можете целосно да го доживеете сонот што некој ви го раскажува. Потребно е сам да го отсонувате. Ете, Бурса е еден таков град – сон што не може да се раскаже. Секако, посетете ја Бурса, но, дали ви се доволни пет дена? Одговорот дефинитивно е не. Еден месец, одговорот е повторно ист, не е доволно. Или, пак најдобро е да се преселите во Бурса. Ако сте Скопјанец, можеби нема ништо да изгубите. Да се потсетиме на поетот Јахја Ќемал кој што вели: „Скопје и Шар Планина се како продолжеток на Бурса“.

Текст и фотографии: Хусаметтин ГИНА

Коментари