Научното истражување направено во Америка докажало дека малите зрна (бројаниците) кога се наоѓаат во човечката рака ја намалуваат нервозата, стресот, и го нормализизираат крвниот притисок.
Бројаницата која денес е неопходен прибор на мажите за првпат е изработена во 800 година п.н.е. Луѓето денеска не ги испуштаат од раце за да ја заборават тагата, безнадежноста, а истовремено да го потрошат и слободното време.
Според една компилација од различни извори, бројаницата се користи речиси 2.800 години. Во историските евиденции стои дека бројаницата првпат се користела како средство за богослужба во 800 година п.н.е, од страна на хинду Брахман свештениците. Во минатото, бројаниците се правеле од одредени делови на животни, кои се ределе на јаже. Бројот на бројаниците се разликува од религијата. Најчесто се состои од 33 или 99 зрна.
НЕ Е САМО СРЕДСТВО ЗА ОБОЖУВАЊЕ
Бројаницата не е само средство за обожување, исто така се користи и како средство за рекреација и забава. За време на отоманскиот период изработката на бројаници станува уметност. Таа започнува во 17 век, а според некои извори, својот врв го достигнува во 19 век. Во минатото, прекрасните бројаници кои се изработувале во Истанбул се испраќање во Мека и Медина за времето на аџилакот. Истите извори велат дека уметноста за изработка на бројаници исто така била развиена и во Самарканд (Узбекистан) и Иран.
Треба да се спомене дека на крајот на 19 век во Капали Чаршијата во Истанбул имало повеќе од 300 тезги (дуќани) кои продавале бројаници.
БРОЈАНИЦАТА И ТУРЦИТЕ
Според производителите на бројаници, Турците не се откажуваат од старите навики, па така во последно време интересот за бројаницата е многу зголемен, а особено кај женската популација. Статистиката вели дека 70-75 остсто од Турците користат бројаници, таа е буквално интегрирана меѓу турскиот народ. Во Турција генерално секој маж има бројаница. Таа во Турција се нарекува и „мастика за раце“.
Бројаниците најчесто се изработуваат од коска, камен, абанос, змиско дрво, розово дрво, слонова коска, рог од носорог, коска од камила, бисер, килибар, тиркиз (син камен), злато, сребро, различни дрва и камења, па дури и од дијаманти. Според изработувачите, најголем интерес има за бројаниците изработени од скапоцени материјали и скапоцени камења.
КАРНЕОЛОТ НОСИ СПОКОЈСТВО И МИР, КИЛИБАРОТ ОВОЗМОЖУВА ПОЛЕСНО ДИШЕЊЕ
Постои верување дека бројаницата изработена од карнеол дава спокојство и мир, релаксира и лекува од вознемиреност. Килибар каменот пак штити од уроци, добра е за несоница, исто така ја собира енергијата од телото и овозможува полесно дишење.
Бројаницата кај некои луѓе е навика која преминува до степен на зависност, кај некои пак како аксесоар е дел од облека. Исто така може да биде спомен сувенир од татко или некој близок пријател. Кај некои секти, бројаницата се смета за скалило преку кое може да се стигне до Господ.