Во Атина семејствата и децата го прославуваат Божик со прошетки низ градот во радосна и забавна атмосфера. Сериозната економска криза доведе до појава на повеќе граѓански иницијативи кои промовираат социјална солидарност во текот на целата година, но за време на овие Божиќни празници Градското Собрание на Атина реши да ги комбинира традиционалната празнична радост и чувството за социјални проблеми во опкружувањето.
Целта е да се обезбеди забава во градот како што налага традицијата (особено голема потреба во вакви тешки времиња) а во исто време да се придонесе во акциите за социјална солидарност и интерактивно да се едуцираат децата преку игра и фантазија.
Од 6-ти декември 2013 до 6-ти јануари 2014 културниот центар Технополис (поранешна фабрика за гас во квартот Гази) ги поканува сите деца и возрасни да ја посетата “Божиќната фабрика” и да прослават во весела атмосфера низ игра и многи други активности организирани за најмалите.
Активностите ќе се одвиваат секој ден од 10.00 до 22.00 часот. Со купување на карта по доста ниска цена добивате неограничено учество во сите активности.
Серија едукативни и забавни работилници ги очекуваат децата кои сакаат лично да го запознаат Дедо Мраз, да добијат подарок и да ја разгледаат неговата фабрика. Таму можат да научат како да направат дрвени играчки (кои потоа можат да ги задржат) и да учествуваат во изработката на огромен картон за друштвена игра која самите ќе ја дизајнираат, сами ќе ги постават правилата за играње и се разбира ќе определат соодветна награда за победниците…
“Kalikantzari” (лошите џуџиња) се опремени со бои и се спремни да ги размачкаат по детските лица… на уметнички начин во работилницата за цртање на лице. Децата можат да ги испробаат своите вештини во правење традиционални пецива во работилницата за колачиња, а во слатко-магичната работилница ќе научат како да изведуватт магионичарски трикови со пекарски продукти. Во текот на целиот настан ќе биде обезбеден интернет простор каде децата ќе можат да ги испраќаат своите Божиќни пораки и желби низ целиот свет.
Во рамките на Божиќната Фабрика во Технополис ќе се одвиваат и неколку интерактивни и мултимедијални изложби, како што е Музејот на древна грчка технологија кој нуди 50 експонати на интересни механички направи (оригинали и копии) и изложбата на древни играчки која од колекцијата на илјадници експонати ќе претстави играчки од различни периоди и цивилизации.
Добротворната детска организација Флога и СОС Детско Село Грција организираат базар на солидарноста во рамките на кој ќе се собираат играчки (во добра состојба), книги и облека кои ќе бидат донирани на социјално загрозените семејства. Како контраст на скапите вештачки дрва (веќе долги години контроверзна тема за украсувањето на Атина) Технополис ќе биде украсен со 500 природни елки кои подоцна, кога ќе завршат празниците, ќе бидат повторно засадени на определени места за пошумување на блиските планини на Атика.
Лизгањето на мраз стана особено популарно во цела Грција па затоа ќе бидат поставени лизгалишта за возрасни, деца и за најмалите посетители, но и огромен карусел, штандови со колачиња, печени костени и други закуски (варено вино за возрасните). Посетителите ќе можат да се возат низ Технополис во еколошко вовче.
Ако решите да прошетате низ Гази оваа година ќе видите дека децата се во центарот на вниманието – но, како што најавуваат организаторите, активностите се наменети и за сите оние кои се чувствуваат како деца! Секој ден, програмата вклучува музички претстави, концерти на современа грчка музика, џез, рок и класична музика, театарски претстави, куклен театар и театар на сенки, улични претстави, жонглери, кловнови и магионичари. Безброј можности за уживање за целото семејство!
Повеќе информации на: thechristmasfactory.gr
Софија Николау