Облечете на себе облека со весели бои и уживајте во животот. Победете го лошото расположение, надминете ја депресијата. Таа би била основната порака на девојчињата од фолклорните групи, кои учествуваа на Меѓународниот фестивал на пролетни веселби во селото Чаликли, Валандовско. Гостите на фестивалот, имаа можност да уживаат во прекрасната интерпретација на групите од Македонија, Грција, Бугарија, Украина и Турција. Балкон 3 преку народните носии на фолклорните групи ви го пренесува целокупниот колорит на фестивалот.

Фолклорна група од Чаликли

Фолклорот заврши, време за позирање

Домаќините највесели

Розата составен дел на народната носија

Фолклорната група на Западна Тракија (Грција)

И трендот е запазен: пирсинг и наочари

Фолклорната група од Бугарија

Импресивни долги коси...

Фолклорната група од Украина

Елеганција, шарм, гламур...

Фолклорната група од Анкара, ТРТ (Турска Радио Телевизија)

Пу, пу машала!

Елеганција и убавина...
текст и фото: Хусамедин Гина