Водич низ СКОПЈЕ

Бит Пазар – вековна традиција

„Со својата долгогодишна традиција пазарот сеуште е една од институциите која се спротивставува на технологијата и модерниот живот во една метропола.“

„Тука се мери точно“. Така пишува на една од тезгите, полна со банани, во најпознатиот, најстариот, најпосетуваниот скопски пазар, Бит Пазар. Креативност да се продаде килограм повеќе или пак „шпиунирање на другите колеги, конкуренти. Тоа е тешко да се предвиди, но едно е сигурно, такво нешто не би можело ни да се замисли во другите балкански и светски пазари. Тоа е одлика само на нашиот Бит Пазар.

Таа реченица беше доволна да ме интригира да пишувам за скопскиот феномен. Да, сега е вистински прилика, Бит Пазар, да излезе на новиот Балкон3 и да ги поздрави своите потрошувачи.

ПАРКИНГOTСЕ УШТЕ РАК РАНА

Тоа е само една од многуте карактеристики, коишто Бит Пазар го прават да стане посебен, нераздвоен дел од животот на голем број луѓе. За да се запознаеме со другите особености на пазарот, се разбира, одиме да „пазариме”.

Од дома тргнувам со вепосипед. Затоа што пазарот сеуште нема паркинг за автомобили. Паркингот претставува најголем проблем и за продавачите и за муштериите, но со години наназад ништо не се презема за да се реши проблемот. Затоа пак тука е пајакот како незаменлив дел од пазарскиот инвентар.

Во пазарот влегувам од средниот влез од страната која гледа кон битпазарската поликлиника. На самиот влез се забележува празот. Наредени се нешто слично на почесната гарда за пречек на странски  делегации. Во став мирно ги поздравуваат потенцијалните муштерии.

Уште на самиот прв чекор откако ќе влезеш во пазарот веќе сосема тие јасно, да, срцето на Скопје чука токму во Бит Пазар. На пазарот денес сеуште главно се продава свежо овошје и зеленчук.

„Во моментот кога разговарав со господинот Салих, до тезгата се приближи средовечен човек, со насмевка во лицето, почна да прашува за квалитетот на црните маслинки. Потоа со еден прекрасен тенорски глас почна да потпевнува на италијански јазик“.

Како е чувството поголемиот дел од денот да го поминиваш токму во Бит Пазар, го прашуваме продавачот на јаболка, на самиот влез на пазарот. „Пазарот е многу шаренолик, секој ден имаме различни муштерии, различни муабети, претежно разговараме за спорт и политика„ вели тој, мерејќи три кила јаболка, кои чинат ни помалку ни повеќе, туку точно сто денари. „Килограм чини 35, ако сакаш пола кило, извини вагата не мери толку мали количини, одете во маркетите”, велат продавачите.

ГОДИНА НА РАЃАЊЕ – НЕПОЗНАТА

За време на владеењето на Отоманската империја, во селата, градовите и провинциите се одредувале посебни места наменети за јавните услуги. Секако во тоа спаѓаат и пазарите. Луѓето коишто својот имот не можеле да го носат на далечните места, го продавале токму на тие пазари. Поради намалените патни трошоци, производите на пазарот се продавеле по мошне ниски цени. Затоа потрошувачите покажувале голем интерес за пазарите. И денес не можеме да кажеме дека е нешто променето. Таа традиција продолжува и денес. Променето е тоа што во тогашно време пазарите се поставувале дневно. Денес веќе пазарот работи секојдневно, 365 дена во годината.

За историјата на пазарот разговараме со шеесетгодишниот Салих Ќемал, продавач на суво овошје, ореви, лешници, бадеми, леблебии и др. „На пазарот продавам повеќе од 15 години. Но пазарот ми е познат и многу пред тоа. Уште како дете од дома носев гранчиња од цвеќето здравец и ги продавав. Но, тогаш немаше тезги, продававме на земја“, се потсетува Салих.

„Прометот на пазарот не е како порано„ ни вели Салих, објаснувајќи ни дека откако се појавиле големите маркети, според него од 2004 година, прометот е многу намален.

Значењето на името Бит Пазар сеуште останува дилема. За некои луѓе името доаѓа од големиот број посетители, за некои пак од големиот асортиман на половната и евтината роба која се продава на пазарот. Инаку зборот `Бит` во турскиот јазик значи вошка. Бит Пазари постојат и во голем број други градови од Балканските земји.

ТЕНОРСКИ ГЛАС

На Бит Пазар може да сретнете луѓе од сите профили, од млад до стар, од маж до жена, луѓе од сите националности кои живеат во Македонија, поточно, таму можете да ги сретнете луѓе од целиот град.  Во моментот кога разговарав со господинот Салих, до тезгата се приближи средовечен човек, со насмевка во лицето, почна да прашува за квалитетот на црните маслинки. Потоа со еден прекрасен тенорски глас почна да потпевнува на италијански јазик. Се работеше за оперскиот пејач, Никола Гагов, стален муштерија на Салих. „Тој ми е редовен муштерија. Секогаш кога купува потпевнува по некоја песна. Понекогаш може со тенорски глас да викне „Дај ми семкиии“, раскажува Салих.

Веќе е 16 часот. Бучавата на денот, викањето, пазарењето, боите, мирисот, полека се топат и исчезнуваат во темнината на ноќта. Завршува шопингот каде што луѓето се оддалечуваат од своите проблеми. Тезгите веќе се напуштени. Откако ќе се затемни, на пазарот останува амбалажниот отпад, скапаниот зеленчук и остатоците од овошјето.

На крајот од денот на сцена стапува персоналот одговорен за чистењето на пазарот. Вековниот Бит Пазар пак копнее по следниот ден, по новите доживувања.

Хусамедин Гина

Коментари