Balkon3.com ве носи на еден од најатрактивните фестивали на електронска музика во Европа – Dimensions Festival 2019! Прекрасна плажа, грандиозна тврдина и одлична музика се комбинација од соништата за крајот на летото.
Се што треба да направите за да добиете две карти за овој фестивал кој се одржува од 29 август до 1 септември на една неверојатна локација во близината на Пула, Хрватска, е да одговорите на двете прашања и одговорите да ги пратите на: info@balkon3.com
- Во која тврдина се одржува Dimensions?
- Кое по ред е годинешното издание на Dimensions?
На еден среќен добитник ќе му доделиме две блок-карти за сите четири дена од фестивалот за да може со уште еден партнер или пријател да ужива на Истарското крајбрежје.
Праќајте ги вашите одговори со име и презиме на info@balkon3.com и чекајте ја објавата на 15 август. Среќно!