Потребни продукти:
½ кг кори,
3 јајца
500 грама шеќер
150-200 грама афионско семе
1 пециво
1 ванила
1 шолја (250 мл) зејтин
1 шолја (250 мл) кисело млеко
За шербет потребни:
700 грама шеќер (или малку помалку зависи од вкусот)
700 мл вода
Подготовка:
Се подмачкува подлабоко правоаголно тавче со зејтин. Се матат јајцата како за торта заедно со шеќерот и се додаваат по ред сите останати продукти. Се мешаат убаво и подготовката може да почне. Секоја кора се сече на половина. Се става првата на дното од тавчето и се мачка со филот што го направивме. Потоа се става втората, па пак се мачка и се така додека не ги потрошиме сите кори. Последната не ја мачкаме со фил. Ги сечеме на коцки или ромбови. Ги ставаме во загреана рерна на 180 степени. Се пече околу 15 минути, потоа температурата се намалува на 150 степени и се пече уште 30 минути на таа температура. Потоа се вади од рерна. Се посипува со ванилин шеќер и се полева со топол шербет. Шербетот претходно го подготвуваме со 700 грама шеќер (може и помалку зависи од вкусот) и 700 мл вода. Не треба да биде многу густ. Се остава да се олади, а шербетот да ги омекне корите, односно да се впие во баклавата. Најпосле баквата е подготвена за конзумирање.
Уживајте во рецептот на Балкон3 што го испрати Зона Наскова.