Повеќе информации за
Гоце Трпковски
Роден: 11 дена пред промоцијата на првиот Делореан, автомобилот од легендарниот филм „Враќање во иднината“, па уште од тогаш го сакам патувањето низ времето.
Образование: во основно училиште научив да пишувам, во средно да составувам приказни, а на факултет да го претворам тоа во професија.
Работно искуство: меѓу старата маица и костумот, сум известувал и од музичкиот фестивал „Егзит“ и од седница на Обединетите нации.
Интереси: неограничени, како што покажува и работното искуство.
Омилени дестинации за патување: во главата на Квентин Тарантино, а бидејќи тоа не е можно освен на филм што би го снимил Спајк Џонз, тогаш секаде каде што има планина, голем град, замок, река... Па дури и ако нема ништо од тоа.
Музика: отворен кон се, особено кон рок.
Филмови: сите со Џони Деп, Кевин Спејси или Џон Кјузак, сите на Мартин Скорсезе, повеќето на Ридли Скот, Гај Ричи и многу други.
Храна: да, благодарам.
Пијалак: колекционер на пивски вкусови, заедно со лименките и шишињата, од што е можно повеќе делови од светот.
За Балкон 3: можеби секој балкон не е ист, но секоја зграда има иста мешавина на балкони.
Напишано од
Гоце Трпковски: