Балкон3 ви ги претставува победничките песни за Евровизија на Турција, Грција и Македонија.
„Со младиот Џан Бономо, кој успее да привлече внимание со интересниот стил и специфична музика,Турција, во Баку атакува на втората победа, после онаа на Сертап Еренер, во 2003 година. “
Евросонг! За некои луѓе тоа е активност која минува во сенка на политички настани. Нивните критики одат да таму, што `тврдат` дека натпреварот бил измислен за тестирање на исправноста на телефонските линии во Европа. Најострите критичари пак велат дека тоа е час по историја и географија, особено кога ќе се започне гласањето. За многумина пак, Евросонг е најпознатиот музички натпревар во Европа, забавна средба на европските култури, чија основна цел е после војната да се промовира културната интеракција и да се зајакне музичката поп сцена. Истовремено поттикнување на конкуренцијата меѓу композитори и изведувачите. На овие натпревари за прв пат тестирани се и новите технологии како што се безкабловските микрофони, jimmy jib, virtual studio technology и најновите осветлувачки технологии. Порталот Балкон3 ќе ви помогне од блиску да го запознаете момчето коe што за кратко време успеа да придобие голем број на фанови.
http://www.youtube.com/watch?v=d_F6H6–FrU
СЕ ЗАПОЧНА СО КУПЕНАТА ГИТАРА
Џан Бономо има 24 години, роден е во Измир, уште на 8 годишна возраст започнува да свири на гитара. Дипломирал на Универзитетот `Билги` на факултетот за филмска уметност.
`Кога дознавме дека ќе ја преставувамe Турција на овогодишниот Евросонг бевме многу изненадени. Воопшто не размислувавме за такво нешто. Тоа е прекрасна и горда работа` изјави Џан Бономо, веднаш откако дозна за прекрасната вест. За тоа како ја започна музичката кариера Бономо вели: `Кога имав 8 години живеев кај бабами. Едно попладне моите родители пиеја чај и правеа муабет. Синот на соседот почна да свири гласно на електрична гитара. Баба ми не поднесуваше гласна музика, затоа ме испрати кај соседот да го замолам да го намали гласот. Го замолив батко ми Зафер да го намали гласот. Откако му го кажав тоа, како реакција почна да ги свири песните на култните групи The Beatles и The Kinks уште погласно. Бев импресиониран од тоа што го видов. Останав да го слушам до крај. Кога се вратив дома на мајка ми и кажав дека сакам да станам музичар и да ми купи гитара. Ја убедував неколку недели, на крајот ми ја купи гитарата и така започнав да одам на курс.`
Бономо, поезија пишува од млада возраст. Првата песна ја има напишано на 11 години, првата композиција на 14 години. На неговите стихови и музика најмногу влијаеле поетите, писателите потоа режисерите, музичарите пак најмалку. `Најмногу сум импресиониран од Назим Хикмет, Мевлана, Џим Џармуш, Кјубрик и Годард. Мојата прва девојка ме убеди професионално да се занимавам со музичката уметност, мајка ми ме поддржа во секој момент, сестра ми пак остави впечаток во мојата музика` изјави Бономо. Џан Бономо песната ја опишува многу кратко. Тоа е `Истанбулска музика` вели тој.
УМНА И ЗАБАВНА ПЕСНА
Музичките авторитети евровизиската песна на Џан Бономо ја коментираа како многу успешна, негативни коментари воопшто немаше. `Искрено да ви кажам не очекував толку умна и итра песна. Забавна песна. Има јасен концепт кој што е изработен со замисла. Комбинација на балканска и османлиска музика. Има мали елементи од Горан Брегович, содржи елементи од фолкот и рок музиката. Од тој поглед мислам дека е завршена добра работа. Но морало малку повеќе да се работи на песната, аранжманот е многу сложен, според логиката на Евровизија требало малку да биде поедноставна. Модалните својства на песната добро прозвучуваат со англискиот јазик` рече познатата ТВ коментаторка. Медиумите кои понекогаш можат да бидат немилосрдни уште од првиот ден песната ја оценија како многу добра, ја поддржаа, тоа за Бономо е голема шанса. Негативни критики имаше од аспект на тоа како изгледа на сцената. Треба да работи многу за да стане звезда. Кога ќе излезе на сцена личи на дете, треба да има уметнички став. Според критичарите кога дава изјави е многу слаб, во одговорите има хумор, треба на тоа да обрне големо внимание.
Хусамедин ГИНА