Клуб Капан Ан

Капан ан е деловен и угостителски објект и поранешен ан и караван-сарај во Скопје, којшто е сместен во внатрешноста на Старата скопска чаршија. Изгарден е по наредба на Иса-бег во втората половина на 15. век, а како ан работел до Втората светска војна.[1] По обновувањето во 1974 година се користи како објект за деловни и угостителски цели.

Анот, името го добил од арапскиот збор „капан“ (арапски: kabban), кој се однесувал на големиот јавен кантар којшто бил сместен во или пред неговите порти и служел за мерење на стоката.[2]

6b884350-4355-406c-a10a-af7fb3866b64

Капан ан бил изграден во втората половина на 15. век, по наредба на третиот отомански управител, Иса-бег. За прв пат се споменува во вакуфнамата на Јаја-пашината џамија во 1506 година. Низ историјата, одиграл голема улога во развојот на сообраќајната трговија, бидејќи претставувал место во коешто преноќувале трговски патници од многу далечни места. Анот бил разрушен со земјотресот во 1555 година, а потоа и во пожарот од 1689 година, по што бил реконструиран на доста попрост начин, со дрвена конструкција, а од првобитниот изглед се зачувани само неговите долни делови.[3] Како ан работел сè до Втората светска војна.[1] Во земјотресот од 1963 г., објектот, речиси, целосно бил разрушен и бил обновуван во периодот од 1971 до 1973, по што бил повторно пуштен во употреба во 1974 година. Денес, во него се сместени дуќани, меани и деловни канцеларии.[3]

Други интересни места:

KML-LogoFullscreen-LogoGeoJSON-LogoGeoRSS-Logo
Скопје ресторани

loading map - please wait...

Капан Ан: 41.999986, 21.436724

 

Comments