Доколку сте заинтересирани одблиску да се запознаете со грчката историја, музика, но и да го почуствувате вкусот на грчката храна, Музејот Акропол е вистинското место за вас.
По повод 25 март, Денот на грчката независност, музејот за посетителите обезбеди целодневна програма.
Реставраторите од музејот пред посетителите ќе ја презентираат техниката на бојадисување сандали од античко време. Сандалите се еден од трите типа обувки што може да се најдат на античките фигури.
Покрај античката технологија на бојодисување, реставраторите ќе ја престават и современата техника на чистење на каријатидите (скулптура со форма на жена, која во архитектурата се користи како столб). Посетителите ќе имаат можност да разговараат за методот на нивното чистење, кое се изведува со помош на ласер.
Концерт со музиката на неколку еминентни имиња во грчката музика од последниот век ќе биде одржан во просториите на музејот. Ламбрини Гиоти (Lambrini Gioti) и Јоргос Цибуксис (GeorgeTsibouxis), ќе изведат повеќе нумери на пијано и бузуки.
Пред посетителите ќе биде преставена и исклулителна колекција на антички скулптури, кои делумно ги имаат зачувано своите оригинални бои. Вработените во музејот ќе ја презентираат важноста и перцепцијата за боите во антиката.
Музејскиот ресторан, пак, ќе ги пречека посетителите со традиционални грчки јадења.
Балкон3