Водич низ СКОПЈЕ

Над 200 документарци на фестивалот во Солун

TR GR EN

Љубителите на филмската уметност кои деновиве се во Грција или пак за викендот сакаат да скокнат до Солун, вториот по големина град по метрополата Атина, не смеат да го пропуштат интернационалниот фестивал на документарни филмови кој се оддржува од 15 до 24 март. Солун десет дена ќе ја слави филмската уметност, а на репертоарот има документарни филмови за сечиј вкус и безмалку од сите континенти. Овој фестивал кој слави 15 години постоење се смета за еден од најреномираните во Европа, кога станува збор за документарни филмови.

Годинава има околу 200 документарци од 45 држави како и над 50 локални филмови. Фестивалот го отвори наградуваниот филм на Бас Каргман „First Position” во кој се зборува за цврстината на умот и на телото кај младите балетани на возраст од 9 до 18 години.

Од домашните документарци ги издвојување „To the Wolf” снимен во планините на западна Грција, а е грчко-британска копродукција. Документарецот раскажува за две овчарски семејства кои се обидуваат да ја надминат економската криза. Филмот доби позитивни критики на дебито на Берлинскиот филмски фестивал. Потоа тука е и филмот „Little Land” на Никос Дајандас кој лани беше награден за филмот „Sayome”. Во новиот филм на Дајандас се раскажува за млад пар кој е незадоволен од урбаниот живот и се обидува да ја најде својата среќа на далечниот егејски остров Икариа.

Но, на менито во Солун нема само документарни филмови. Ако случајно сакате да одморите од гледањето документарци фестивалот нуди и други активности од изложби и дебати, па се до промоции и концерти. Уживајте во уметноста, уживајте во филмот во Солун.

Погледнете го краткото интро на документарецот кој го отвори фестивалот:

Погледнето го краткото интро на еден од документарците од домаќинот Грција:

Балко3 ви ја претставува и програмата на фестивалот.

Коментари