Почитувани читатели,
Летото помина, но сигурни сме дека во вашите фото-архиви ќе останат стотици или можеби и илјадници фотографии, кои ќе ве потсетуваат на него. Обично најпопуларни се оние, познати како „фотографии со поглед“, кои може да се најдат на речиси сечиј фејсбук профил. Токму затоа Балкон 3 одлучи да организира фото конкурс, на кој можат да учествуваат сите наши читатели. Не е потребно фотографијата да биде професионална. Слободно испратете мотиви и сцени кои сте ги „уловиле“ со вашиот фото апарат, телефон, таблет…
Сепак за да учествувате на нашиот конкурс, има и неколку правила: фотографијата мора да е направена од балкон, тераса, веранда, чардак…, треба да има летен мотив и да е направена во Македонија, Турција или Грција.
Фотографиите можете да ги постирате на нашата Фејсбук страница: http://www.facebook.com/pages/Balkon3/200547633362441?ref=hl или да ги испратите на info@balkon3.com со назнака „за фото конкурс“. Под фотографијата напишете го името на авторот и местото каде што е направена.
Авторот на фотографијата која ќе добие најголем број „лајкови“ до затворањето на конкурсот, како награда ќе ја добие книгата Pablo Picasso (Confidential Concepts), која ја обезбедува издавачката куќа „Икона“.