Градот-херој повторно спрема револуција
За ослободување на јавниот простор, улиците и тротоарите
Еднаш месечно прилепските велосипедисти се собираат да создадат критична маса
За промени во свеста, навиките и во градското планирање
Град со пречник од одвај пет километри би требало да биде мирен, безбеден и без сообраќаен метеж. Но не е така.
„Мислам дека многу е тешко да се движиш со автомобил, паркинзи и сите тие проблеми, но и покрај тоа прилепчани се уште не се откажуваат од своите автомобили, но се надеваме дека таа слика се сменува полека полека и сите ги сфаќаат придобивките од движењето со велосипед“, вели Борче Колароски.
Активисти се обидуваат да му докажат на секој прилепчанец дека нема подобар избор отколку да се качи на точак.
Ова се луѓето што не чекаат решенија, туку ги бараат. Што не креваат раце, туку засукуваат ракави. Познати им се и пречките, и неуспесите, и тешките и сложени услови во кои треба да ја исполнат својата задача. Но не се откажуваат. Тие се НОСИТЕЛИ НА ПРОМЕНИ.
„Треба уште повеќе да возат точаци за да не биде толку многу загаден воздухот во некоја општина“, вели Цвета Јандревски.
„Да имаме здраво развиено тело и е убаво да се вози точак затоа што јас така мислам и јас многу сакам да возам точак, другите луѓе можеби мислат за друго, но јас мислам дека е најубаво точак затоа што можеме да се развиеме и ние“, додава Миаела Богеска.
Многу студии се направени за позитивните ефекти од возењето велосипед: подобро расположение, помала телесна тежина, подобра работа на мускулите, подобра исхрана, подобро дишење, намален ризик од срцеви заболувања, дури и подобро спиење. Не на велосипедот, секако. Но дали возењето велосипед е корисно најмногу зависи од бројката. Светската здравствена организација истражила дека само ако голем број луѓе се префрлат на точак ќе биде корисно за сите. Ако се малку, се изложуваат на сообраќаен ризик и на зголемено загадување. Затоа е потребна критична маса.
„Самиот збор Критична маса за прв пат е забележан кога група на велосипедисти се обидувале да преминат една улица и кога повеќе велосипедисти се собрале фактички се створила една критична маса да може да ја премине таа улица. Самата филозофија на критична маса е токму тоа да се собере поголема група на луѓе што го сакаат велосипедот и да предизвикаат најразлични општествени промени во тој поглед“.
Критична маса е потребна не само за личните, туку и за општествените позитивни ефекти од возењето велосипед. Помал сообраќаен метеж, помала узурпација на просторот од автомобили, помало загадување на воздухот и поголема безбедност.
Прилепската иницијатива „На точак“ е една од најстарите, по скопската
Постои пет години и досега 60 пати организирала критична маса
Веруваат дека успеале да ја подигнат свеста во Прилеп
Таму постојано може да се види некој на велосипед
„Самата поставеност на градот Прилеп, географската поставеност дозволува многу лесно движење низ градот со велосипед. Бидејќи сите релации се кратки, површината на градот не е многу голема“.
Не е секогаш лесно да се вози велосипед во Прилеп. Автомобилите владеат со улиците, а понекогаш и со велосипедските патеки.
„Според некои статиските сметам дека имаме отприлика околу неполни шест километри во град како Прилеп. Проблемот е што најпрво велосипедските патеки се во руинирана состојба, значи се направени во некое минато време и оттогаш не се воопшто одржувани. Следен проблем е неповрзаноста на истите значи една со друга“.
Прилепските активисти имаат план. Заедно со свеста, треба да се развива и инфраструктурата. Не можат граѓаните да се убедат дека на точак е подобро ако тие имаат лошо искуство. Ако немаат каде да возат или каде да паркираат.
„Следно што го планираме е еден посериозен проект за изработка на паркинзи на велосипеди кои што нормално со дозвола од локалната самоуправа би требало да добиеме дозвола за нивно поставување. Станува збор за одредени локации во грдаот , а овој проект произлегува едноставно од фактот што или се премалку велосипедски паркинзи во нашиот град, а знаеме дека според Закон пред секоја јавна институција треба да ги има, а тие што ги имаме нажалост се демолирани од несовесни граѓани“.
Велосипедот може да биде за рекреација
За патување од точката А до точката Б
За пренесување товар
Исто како автомобилот
А незаменлив е за истражување и запознавање на околината.
„Имавме и рекреативни тури во околината на Прилеп кои што беа наменети и за помладата генерација, нормално и за повозрасните. Станува збор за три едукативни тури до локалитетот Стибера, беше првата, потоа до Спомен куќата на Блаже Конески во село Небрегово и едукативна тура низ прилепско поле со завршување во Музејот за тутун кој што нели е уникатен во државата и пошироко“.
„Најдалечно досега сум била до Битола и назад, тоа се 100 километри плус нешто ситно и тоа беше најдалеку досега што имам појдено“.
Прилепските вело-активисти вложуваат посебен труд да ја насочат следната генерација на вистинскиот пат. Поточно на вистинската велосипедска патека. Како што некој ги насочил нив пред многу години.
„Јас ,татко ми мој ми ја поттикна љубовта кон велосипедизмот и покрај сето кога се зачленив во Прилеп на точак го разбрав сето ова ми кажуваа ме подучуваа ??, Даме и татко ми обавезно и така го добив сето тоа знаење“.
„Значи во Прилеп од секогаш се возел велосипед. Постарите генерации го користеле за едноставно одење до работа, враќање дома, за сите секојдневни обврски“.
Велосипедската револуција секаде значела враќање кон минатото.
Дури и во Холандија, земјата-симбол на велосипедската култура.
Вовеле политики за поддршка на велосипедите.
Откако виделе дека со автомобилите си направиле поголем проблем.
Катерина Спасовска Трпковска