Водич низ СКОПЈЕ

Вкусно и пенасто турско кафе– повеќе од пијалок

TR GR EN

Дали некогаш сте пробале вкусно и пенасто турско кафе? Тоа секако е еден од најпопуларните традиционални пијалоци во мојата татковина Турција и јас го обожувам ритуалот и целосто искуство. Во Турција имаме поговорка Bir fincan kahvenin kırk yıl hatırı vardırшто значи дека „Сеќавањето за добра шоља турско кафе трае 40 години

IMG_0430

Турското кафе е пијалок за пријателство, ако ви го понудат овој традиционален пијалок каде и да сте во Турција, кога ги посетувате пријателите или семејството, во дуќаните, додека чекате во банка, на фризер…Си земаме пауза да уживаме во овој магичен пијалок со некој пријател или со семејството или едноставно размислуваме со секоја драгоцена голтка. 

IMG_1098 (1)

Турското кафе се прави од 100 % Арабика зрна кафе кои треба соодветно да се испржат и да се сомелат во фина форма. Кога ќе се зготват соодветно тогаш се создава вкусна пена која е есенцијална за секоја шоља турско кафе. Мојата мајка е вљубена во дневната доза на турско кафе која мора да ја намали на само една дневно. Ако е во некое кафуле таа секогаш на шармантен начин го прашувал келнерот “Bana güzel köpüklü kahve lütfen” што значи “Турско кафе со убава пена на врвот, ве молам; тоа е нејзиното дневно частење во кое темелно ужива во таа една единсвена шоља која ја пие со насмевка на лицето. 

IMG_0331

Иако турското кафе за прв пат се одгледувало на јужниот крај на Арапскиот полуостров, славата во Европа била пренесена преку Отоманската империја. За само неколку години откако било пренесено во Европа, само во Истанбул се појавиле стотици места каде се служело кафе, а пиењето на кафе станало толку важен дел од секојдневниот, но и од церемонијалниот живот на Султанот. Неговиот сет за кафе бил секогаш носен за време не официјалните процеси во империјата. Секое богато семејство имало слуга чија единствена задача била да подготви кафе, а според законот , ако сопругот не и обезбеди на сопругата кафе тогаш има можност да се разведе.!

IMG_0575

Кога јас бев мало дете, мојата мајка ни правеше турско кафе со многу млеко како и нике како деца би се придружиле на ритуалот заедно со нив. Понекогаш од забава го превртувавме филџанот со кафе наопаку откако ќе го испиевме за да ни ја претскажат иднината. Мојата мајка секогаш гледаше весели работи во филџанот, па ако видеше птица ќе ми речеше дека тоа се добри вести, ако имаше тесни линии дека ми претстои патување, ако има коњи дека тоа е добра среќа… Никогаш не се појавуваа лоши работи и секогаш сакавме да ја слушаме нашата мајка, а тоа беше пропратено со невини кикотења.

Кога во април го посетивме Ефес и застанавме да направиме пауза се потсетив на ова сеќавање од детството и нарачав и турско кафе. Откако го испив го превртев филџанот наопаку, во исчекување да видам каква судбина ме чека. И на мое изненадување навистина забележав фигура на коњ во филџанот (можеш ли да го видиш?). Со нетрпение ја очекувам среќата која ми претстои.

Како да се приготви вкусно турско кафе

Еве како се приготвува добро турско кафе. Се надевам дека некогаш ќе го вкусите овој специјален пијалок ако досега не сте го пробале бидејќи за нас тоа е повеќе од само пијалок. 

Istanbul trip 2012- Ist Modern, Spice market, balik ekmek, flag 026

За да се приготви турско кафе потребна ви е соодветна опрема: специјален сад наречен ѓезве со долга рачка, мали филџани за кафе во турција познати како “fincan” како и направа за мелење на кафето. Значајна е големината на ѓезвето. Тоа мора да може да собере двојно повеќе од водата која ја ставате за да има место горе да се крене пената.

IMG_1087

Има различни големини на ѓезвето во зависност од тоа за колку луѓе сакате да подготвите кафе. Добро приготвено кафе мора да има пена на врвот па не може да очекувате најдобри резултати ако подготвите кафе за двајца во ѓезве кое собира кафе за четворица.

IMG_1092

Во вашето ѓезве ставете по еден филџан вода за секое кафе што сакате да го приготвите-1 полна мала лажица кафе и една мала лажица шеќер или помалку. Традиционално треба да се знае претходно со колку шеќер го сакате кафето на пример “az sekerli” (со малку шеќер), “orta sekerli” (средно), or “sekersiz” (без шеќер). Скокнете го шеќерот ако повеќе сакате така. Промешајте добро, ставете го ѓезвето на слаб оган и чекајте пополека да зоврие. 

IMG_1096

Кога пополека ќе почне да зоврива тогаш пената се формира на врвот. Токму пред да прекипе тргнете го ѓезвето од огнот. Потоа ставете од пената подеднакно во сите филџани. Ставете го повторно на огнот и поделето го подеднакво кафето во филџаните.

IMG_1098 (1)

Со кафето најчесто оди и локум. Заедно се совршен пар.

 Afiyet Olsun, Се надевам дека ќе уживате.

 Ozlem Warren

http://ozlemsturkishtable.com/

(Текстот е објавен во соработка меѓу Балкон3 и Ozlem Turkish Table)

Коментари