Водич низ СКОПЈЕ

Ван Гог

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Ван Гог

loading map - please wait...

Ван Гог 42.002219, 21.421720 Ван Гог

Кафулето Ван Гог, во Скопје е познато исто толку колку што е сликарот Ван Гог познат во Холандија. Или што би рекол нашиот пријател Васко Марковски: “Ван Гог не е само име на кафуле во Скопје. Денес тоа е веќе топоним.“ Постои од 1986 година, кога тогашниот сопственик го отворил во куќата на дедо му во познатата скопска населба, Дебар Маало.

van gog_balkon3 mapi

Не знам дали е до култниот статус на Ван Гог ама кога минувате покрај неколкуте масички, наредени до калдрмата, како да чувствувате некоја магична привлечност. Тоа е едно од оние места „со дух“. Покрај кафулето многу често ќе забележите паркирани повеќе мотори, со оглед на тоа што неговите сегашни сопственици се членови на мото клубот „Ноќни волци“. Но, тоа нека не ве поколеба. Во „Ван Гог“ се добредојдени сите кои уживаат во добар пијалок, рокенрол и опуштена атмосфера.

Коментари