Водич низ СКОПЈЕ

Кале

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Кале

loading map - please wait...

Кале 42.000497, 21.433178 Кале

Кале, како највисока точка во урбаниот дел на градот, е едно од најпопуларните места за посета во Скопје и дефинитивно задолжителна дестинација за секој турист. Тврдината импозантно се издига на левиот брег на реката Вардар и од неа центарот на Скопје го имате на дланка. Токму од Калето можете најубаво да ги разгледате и да ги фотографирате новите објекти и споменици, што се изградија во последните неколку години. Прекрасна локација од која вашите фотографии ќе личат на разгледници.

kale_balkon3 mapi

На тврдината вообичаено нема многу луѓе и овозможува да избегате од градскиот метеж иако тој е на само неколку стотици метри од вас. Во летните месеци ова е совршена локација за големи музички концерти. Скопското Кале е изградено во VI век за време на Византиското владеење и е едно од најбогатите археолошки наоѓалишта во градот.

Коментари

Тагови: