Водич низ СКОПЈЕ

Султан-Муратова џамија

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Султан-Муратова џамија

loading map - please wait...

Султан-Муратова џамија 42.001508, 21.441429 Султан-Муратова џамија

Султан-Муратовата џамија е најстарата зачувана џамија во Скопје, а веројатно и на Балканот. Преживеала два пожара, меѓу кои и оној на Пиколомини и земјотресот од 1963 година, но останала гордо да сведочи за отоманската историја на градот, иако денешниот изглед во голема мера се разликува од оригиналната градба. Султан – Муратовата џамија е изградена во 1436 година на местото на кое претходно имало манастир по име Свети Ѓорѓи. Позната е и како „Хјунќар џамија“ (што во превод значи султанска, царска), бидејќи е единствената џамија во Скопје чиј ктитор бил султан.

sultan muratova dzamija1_balkon3 mapi

До неа се стигнува преку лавиринт од тесни улички, низ кои тешко ќе се снајдете без помош од локалните жители. Се` уште функционира како верски објект. Станува збор за џамија со невообичаена внатрешност во квадратна форма, со низа ситни детали. Малкумина од жителите на Скопје знаат дека во градот има саат-кула, која се наоѓа токму во дворот на Султан-Муратовата џамија.

sultan muratova2_balkon3 mapi

Оваа саат-кула од патеписците, меѓу кои и Евлија Челебија, била опишувана како едно од најатрактивните архитектонски зданија во Скопје. До врвот на саат-кулата, од каде има прекрасен поглед на околината, водат точно 105 скали.

Коментари