Водич низ СКОПЈЕ

Слаткарница Палма

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Слаткарница Палма

loading map - please wait...

Слаткарница Палма 42.003924, 21.387254 Слаткарница Палма

Слаткарница со егзотично име, 40-годишна традиција и сладолед на топчиња со кој пораснале многу деца, а и нивните деца. Авторот на овие редови магичниот вкус на сладоледот првпат го почувствува токму во „Палма“ пред околу 25 години. Слаткарницата се наоѓа во населбата Тафталиџе на еден од најпрометните скопски булевари – „Партизански одреди“. Ако видите паркирани возила во првата лента, знајте дека нивните сопственици застанале на сладолед во „Палма“.

palma_balkon3 mapi   palma1_balkon3 mapi

Три топчиња сладолед (сосема доволна количина, освен ако не сте „зависник“) доколку ги јадете во корнет ќе ве чинат 75 денари (1.2 евра), а доколку се одлучите да ве послужат во порција ќе платите 105 денари (1.7 евра). Слаткарницата, која е фамилијарен бизнис на семејството Бајрам, нуди и голем број слатки, торти и секако неизбежните боза, боровница и лимонада, но и кафе, што не е карактеристично за традиционалните слаткарници во Скопје.

Коментари