Водич низ СКОПЈЕ

Слаткарница Апче

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Слаткарница Апче

loading map - please wait...

Слаткарница Апче 42.000170, 21.417686 Слаткарница Апче

Во Скопје има неколку култни места, кои сите ги знаат. Едно од нив е слаткарница со необично име. Апче. Доколку сакате да ја пробате најдобрата боза во градот и да се заблажите со вкусни еклери, индијанки, тулумби, баклави, кадаиф, трилече посетете ја слаткарницата која се наоѓа на истата локација уште од 1968-та година.

apce1_balkon3 mapi

На десниот ѕид на релативно малата просторија, од која секогаш се шири мирис на тазе печени слатки, има слика од првиот сопственик – мајстор Апче, како и натпис кој вели: „Боза Апче – легенда што се пие!“. Слаткарницата е најпосетена во топлите летни вечери, кога ладната боза е вистински мелем за душата. Цените се навистина евтини, па така една слатка и една чаша боза, лимонада или боровница чинат околу 60 денари (1 евро).

apce_balkon3 mapi

Всушност, слаткарницата Апче е толку позната што многу често служи како место за ориентација во старата скопска населба Дебар Маало. Ако некој не знае каде е Апче, сигурно не е од Скопје.

Коментари