Водич низ СКОПЈЕ

Шутка

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Шутка

loading map - please wait...

Шутка 42.029042, 21.409703 Шутка

Секој град во светот има населби кои се разликуваат од остатокот од градот. Населби за кои добивате впечаток како да се паднати од небо или едноставно донесени од негде и додадени во тој град. И Скопје има таква населба – Шутка. Опеана во многу песни, прикажана низ десетици филмови, раскажана во безброј приказни, Шутка е една и единствена. Движејќи се меѓу трошните куќарки со разнобојни фасади, ќе добиете впечаток дека сте заталкале во специјално изградена населба за сценографските потреби на некој холивудски филм.

shutka_balkon3 mapi

Шуто Оризари е единствената „ромска“ општина во светот, но за жал и најсиромашната во Македонија. Сепак, нејзините жители се едни од највеселите и најраспеаните луѓе кои сте ги виделе. Во Шутка ечи музика од сите страни, таму секој знае да свири на барем еден инструмент. Локалните жители ќе ви дозволат да се паркирате во нивниот двор за симболичен надоместок од 30 денари (0,5 евра), а на најголемиот отворен пазар за облека во Македонија можете да купите евтини парчиња, кои во најголем дел потекнуваат од Турција.

Коментари