Водич низ СКОПЈЕ

Сарма од лист од кисела зелка или од листови од винова лоза

Омилено јадење на семејството Реџалари е сармата, било од листови на кисела зелка или од винова лоза. Ова јадење обично се подготвува за време на викенди кога сите членови на семејството се дома и кога му посветуваат посебно внимание на семејниот ручек. Сарма се подготвува и кога за ручек имаме гости.

sarma balkon3

Во продолжение ви го претставуваме рецептот за сарма од листови на кисела зелка или винова лоза.

Состојки:

  • Листови од кисела зелка или винова лоза (препорачливо е виновите лоза да бидат по тенки)
  • 1 кг мелено месо
  • 2 глави кромид
  • 1 чаша ориз
  • Масло
  • Сол
  • Црвен пипер
  • Црн пипер
  • И други зачини по потреба

Подготвување:

sarma4 balkon3

На тава ги пржиме меленото месо и кромидот. Потоа го додаваме оризот, сол, црн пипер, црвен пипер и други зачини по желба. Може да ставаме и парчиња суво месо за на сармата да му даде арома и посебен вкус. Со ова ги полниме и ги виткаме листовите од кисела зелка или винова лоза. Виткањето треба да се прави внимателно, колку помали да се виткаат сармите, толку се повкусни и попрактични. Витканите сарми ги редиме во подлабок сад во кој се ставени делови од кисела зелка или винова лоза. Потоа ставаме една чаша вода и маснотија. Садот го покриваме со капак и го ставаме да се варат на тивок оган 2-3 часа за да не се растурат сармите. Сармите се готови за послужување, но сепак, тие по желба може да се ставаат на тепсија и да се ставаат во фурна да се печат пола час. Ова зависи од вашиот вкус. Порано сармата се служела со пченкарен леб и туршија. Сармата се служи и со ладно кисело млеко.

Пријатно јадење! 

Бедри Реџалари

Коментари