Водич низ СКОПЈЕ

NESCAFÉ 3in1 И ВО СКОПСКИТЕ АВТОБУСИ

NESCAFÉ им подари кафе на граѓаните кои патуваат со автобусите на ЈСП во главниот град.

Nescafe_01

Замислете ситуација, сонливи, нерасонети, се возите во градски автобус до училиште, до факултет, до работа, на состанок или на закажана средба со пријателите или со партнерот. И она што ви недостасува е кафе што може да ве расони и внесе подготвени во секојдневната рутина. Познавајќи ги желбите на своите потрошувачи, NESCAFÉ токму затоа, излезе во пресрет на граѓаните на Скопје и во текот на месец април подели 15.000 примероци кафе во автобусите на ЈСП кои сообраќаат на повеќе линии во главниот град.

Но не само во автобусите. NESCAFÉ е секаде низ главниот град и поголемите градови во Македонија, со цел да понуди будење и дополнителна концентрација. Со редовните акции на NESCAFÉ само во Македонија во 2014 се поделени 285.764 NESCAFÉ примероци кафе, или околу 14 проценти од вкупната популација во земјата минатата година беа почестени со NESCAFÉ.

Nescafe_11

Оваа година се планирани нови креативни и уште поголеми акции, за да се надмине фантастичната бројка од близу 300.000 граѓани да бидат послужени со NESCAFÉ.

Кафето секако е еден од најпопуларните напивки во Македонија. Љубителите на кафе не го почнуваат денот без оваа „магична“ напивка и слободно може да се каже дека кафето е повеќе култура отолку пијалак.

Коментари

Тагови: