Водич низ СКОПЈЕ

На паркингот позади Томче Софка изгребана колата на висок функционер на меѓународна фондација

На паркинкот кај салата Партизан, позади познатиот скопски ресторан Томче Софка, денеска беше серизно оштетен автомобил на висок претставник на позната меѓународна фондација со седиште во Скопје.

Причините за овој вандалски чин се непознати, но се шпекулира дека во позадина на овој случај е намерата да се дефокусира јавноста од актуелните случувања во Република Северна Македонија.

„Развојот на настаните по апсењето на одредени лица во изминатите денови наведуваат дека клопчето на криминалот се одмотува и според првичните информации може да соопштиме дека високи функционери од меѓународни организации се вклучени во прекуграничен шверц со цигари“, изјави Сами Дрилер, виш инспектор од НТШ при МВР.

Оштетениот Е. А. вели дека досега се нема замерено со никого и не знае од кого може да е испратена оваа порака, но додава дека после овој чин ќе мора да се повика на повисоки авторитети за заштита на автомобилот. Наредната недела на свечена церемонија, во присуство на свештеник од православната црква, автомобилот ќе биде осветен, информира оштетениот Е.А.

Коментари