Водич низ СКОПЈЕ

Менада

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Менада

loading map - please wait...

Менада 41.999802, 21.435973 Менада

Менада е авангардниот бастион на Скопје. Местото кое во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век беше едно од главните „андерграунд“ собиралишта во градот, од пред неколку години повторно е редовна ноќна станица за многумина. Лоцирана на влезот на Старата скопска чаршија, кај стоковната куќа Мост, претставува еден вид checkin за сите трагачи по забава низ тесните кривулести улички на чаршијата.

menada_balkon3 mapi

Во Менада често се одржуваат концерти, но и разни други културни настани. Покрај кафулето, во Менада е сместена и антикварница, во која може да се најдат многу уникатни предмети како: чаши за вино, златни маски, ковани монети и сребрени окови од икони.

Коментари