Водич низ СКОПЈЕ

Меѓународен конкурс за училишта: Да ја поттикнеме солидарноста!

aces – Академијата на средноевропски училишта отвора нов циклус на натпреварување за прекугранични школски проекти и размена на ученициACES_balkon3

„Да ја поттикнеме солидарноста: Да се грижиме за другите и да го споделиме она што го имаме!“ – ова е темата на овогодишниот конкурс за прекугранични школски објекти. По осми пат по ред, aces – Академијата на средноевропски училишта ги повикува наставниците и учениците да осмислат и спроведат нови проекти, во соработка со меѓународни партнери. Предлозите на проектите можат да се исптатат во периодот од 15 јануари до 15 април 2015 година. Училиштата кои ќе претстават најдобри проекти ќе освојат вредни парични награди.

aces претставува проект кој го почна ЕРСТЕ Фондацијата на полето на едукација, а за координација на иницијативата се задолжени австриската организација Интеркултурен Центар и словачкото здруѓение Вчели Дом. Оваа школска мрежа е активна од 2006 година во цела средна и југоисточна Европа, а основна цел е на работењето е унапредување на размената и културен дијалог меѓу младите. Во мрежата се вклучени 15 држави од регионот на Централна и Југоисточна Европа, со поддршка на министерствата за образование. До сега повеќе од 25.000 ученици и 3.600 наставници учествувале во програмата aces.

Македонија е дел од оваа прекугранична мрежа од 2009 година и до сега во програмата aces учествувале 23 училишта од нашата земја. Претходните победници доаѓаат од градовите Скопје, Неготино, Битола, Струга, а тоа се Гимназијата НОВА од Скопје, ОУ Јосип Броз Тито од Струга, ОУ Страшо Пинџур од Неготино, ОУ Димитар Миладинов од Скопје АСУЦ Боро Петрушевски.

aces1_balkon3

Тема на овогодишниот конкурс: солидарност

Сите луѓе се еднакви, но немаат сите еднакви можности. За жал, некои луѓе во животот се помалку жповластени од една или друга причина. Некои можеби имаат посебни потреби, живеат под границата на сиромаштија или се маргинализирани поради тоа кои се, од каде доаѓаат илиу поради нешто што им се случило во животот. aces тежнее кон создавање општества во кои луѓето се грижат едни за други, во кои луѓето не само што ги бараат своите права, туку се и свесни за авојата одговорност за доброто на сите. “aces ја промовира идејата за партнерство на еднакви основи и заедничка одговорност. Благодарение на меѓународниот карактер на оваа идеја, ги охрабруваме учениците и наставниците да размислуваат надвор од границите на своето непосредно опкружување. Стекнувањето пријатели од други земји и согледувањето на сопствената земја од поинаква перспектива го зајакнуваат критичкото размислување, емпатијата и солидарноста, а во исто време донесуваат и многу забава“, обкјаснува Робин Госејохан (Robin Gosejohann), менаџер на проектот на ЕРСТЕ Фондацијата.

Едно натпреварување – многу победници

Во периодот од 15 јануари до 15 април 2015 година, училиштата кои што се заинтересирани да учествуваат во оваа иницијатива треба да пронајдат партнери од земјите од регионот на Централна и Југоисточна Европа и да го предадат предлогот на заедничкиот проект. Конкурсот е отворен за училиштата во земјите учеснички во проектот, а целната група се учениците на возраст од 12 до 17 години. Апликацијата за пронаоѓање партнерски училишта е достапна он-лајн, на веб страната на aces (www.aces.or.at/partnerfinder). Меѓународно жири ќе ги одбере и ќе ги награди најдобрите идеи. На победниците ќе им биде овозможена и поддршка за реализација на прекуграничните проекти. Завршните средби на меѓународните делегации кои ќе ги претстават победничките проекти ќе претставуваат прилика и за размена на идеи и унапредување на образовниот процес.

Д.Ч.

Коментари