Водич низ СКОПЈЕ

Манастир Свети Пантелејмон

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Манастир Свети Пантелејмон

loading map - please wait...

Манастир Свети Пантелејмон 41.976856, 21.374490 Манастир Свети Пантелејмон

Манастирот Свети Пантелејмон, изграден во XII век, е еден од најстарите и најзначајните манастири во Македонија. Свети Пантелејмон се наоѓа во селото Горно Нерези на осум километри југозападно од Скопје. До него може да се дојде од две страни, а патот и од едната и од другата е еднакво добар или лош. Манастирскиот комплекс е ограден со високи ѕидови, а во него се наоѓаат црквата и манастирските конаци.

pantelejmon_balkon3 mapi

Во рамките на манастирот има и ресторан со прекрасен поглед кон градот, па скопјани често пати, а особено за викендите, доаѓаат тука на кафе или на ручек. Голем број млади одлучуваат токму тука да стапат во брак, бидејќи на едно место можат и да се венчаат и да ги направат своите свадбени веселби.

pantelejmon restoran_balkon3 mapi pantelejmon restoran vnatre_balkon3 mapi

Свети Пантелејмон е можеби најпознат по живописните приказ на ликовите на фреските, стил кој не бил карактеристичен за Византиската уметност. Композицијата „Оплакување Христово“ се одликува со нагласено истакнување на внатрешните чувства на прикажаните личности. Св. Богородица е насликана како мајка која плаче над својот мртов син и нејзиното лице покажува болен израз на длабока болка. Затоа многу автори оваа фреска ја сметаат за предвесник на ренесансата.

Pantelejmon_Bogorodica

Коментари