Водич низ СКОПЈЕ

Лајка

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Лајка

loading map - please wait...

Лајка 42.001314, 21.421730 Лајка

Фино и опуштено место, на фина и опуштена локација со фин и опуштен персонал. Лајка не претендира да биде модерно и тренди кафуле, не се прават промени на ентериерот секоја година, не ечи модерна музика и пред влезот нема паркирано скапи автомобили. Тоа го прави нетипично скопско кафуле. Вусшност во Лајка речиси ништо не се менува со години, но сепак е едно од местата во кои ќе се чувствувате најпријатно додека ја конзумирате третата, четвртата, па не е ни важно која по ред пијачка.

lajka_balkon3 mapi

Музичкиот репертоар е посебна приказна. Во Лајка сигурно ќе ја чуете песната која не сте ја чуле со години, а ви недостасувала. Овој релативно мал локал е омилено собиралиште на голем број режисери, актери, музичари, новинари. Немојте да се зачудите ако додека седите и си ја пиете пијачката, ви се придружи сопственикот Нешо и ви раскаже некоја од неговите приказни за историјата на Лајка. А, ги има барем илјада.

Коментари