Водич низ СКОПЈЕ

Козјак

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Козјак

loading map - please wait...

Козјак 41.811584, 21.166759 Козјак

И Скопје има езеро. До душа, вештачко и оддалечено од градот околу 45 километри, но сместено во живописен предел на какви што обично им се воодушевуваме во фото галериите на странските веб сајтови. Козјак е најголемото и најполноводното вештачко езеро во Македонија, со длабочина која на некои места достигнува и до 130 метри. Богато е со разни видови риба, меѓу кои неколку сорти пастрмка, крап, клен, мрена… Токму затоа рибарите се најчестите посетители на Козјак иако е дозволен само спортскиот и рекреативниот риболов.

Kozjak1_balkon3 mapi

Од Скопје до Козјак се стигнува за половина час возење по солиден асфалтиран пат. Во последните години е една од најатрактивните дестинации за велосипедски тури, па доколку одите за Козјак за викенд најверојатно ќе налетата на повеќе велосипеди отколку на автомобили. По патот Ви препорачуваме да застанете во селото Брезница, каде има типични стари македонски куќи, од кои најголем дел се целосно запуштени, но интересни за фотографирање. Исто така задолжителна станица е и резерватот Јасен, кој во минатото беше затворен за обичните граѓани и во неговите убавини уживаа само политичките елити.

Ако го посетите Козјак во летните месеци, не пропуштајте ја приликата да се разладите во неговите води, бидејќи како што велат рибарите, ова е вештачкото езеро со најбистра вода во Македонија. Имаше и идеја на Козјак да се направат плажи, но за сега може да „фаќате боја“ само на околните полјани.

Коментари