Водич низ СКОПЈЕ

Капан ан

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Капан ан

loading map - please wait...

Капан ан 41.999986, 21.436724 Капан ан

Пред пет века преноќиште и гостилница за трговските патници, денес пивница и ноќен клуб во кој се случуваат најдобрите журки со електронска музика во градот. Капан ан е една од најмаркантните градби во Старата скопска чаршија. Станува збор за затворен градски ан, изграден во втората половина на XV век. Низ вековите неколкупати бил разурнуван, а денешниот изглед го добил во 1974 година. Од тогаш функционира како угостителски објект, но во него има и дуќани и канцеларии.

kapan an_balkon3 mapi

Во последнте години прерасна во место на кое се одржуваат техно, хаус, транс забави и последно свратилиште, доцна во ноќта, на оние кои вечерта ја минале некаде во чаршијата. На едниот од излезите на Капан ан се наоѓа „Турист“, една од најпосетуваните ќебапчилници во Скопје.

Коментари