Водич низ СКОПЈЕ

Кањон Матка

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Кањон Матка

loading map - please wait...

Кањон Матка 41.940474, 21.305555 Кањон Матка

Мала Света Гора, земја на пеперутките, најатрактивен кањон во Македонија, во чија утроба е сместена една од најдлабоките подводни пештери во Европа. Ова е Матка во една реченица, но далеку од тоа дека во неа е се` кажано. Матка е излетничко место, на 17 километри од Скопје, а до него можете да дојдете со автомобил, но и со автобус. За време на викендите е полно со посетители, а во работните денови владее вистинско спокојство.

Од делот наречен Долна Матка, каде има неколку кафеани и кајак патека, по тесна пешачка патека, за 15-ина минути се стигнува до најстарото вештачко езеро во Македонија.

matka_balkon3 mapi

А потоа, изборот е ваш. Можете да нуркате, да одите на прошетка низ езерото со кајче, да планинарите, да ги посетите старите цркви и манастири или едноставно да се препуштите на традиционалната македонска храна во локалната кафеана.

Brana Matka_balkon3 mapi

Сепак, главна атракција е пештерата Врело, која со длабочина од 212 метри е втора најдлабока подводна пештера во Европа. Врело има и надводен дел, кој претставува вистинска изложбена галерија на пештерски „артефакти“. Пештерата е богата со сталактити, столбови, пишани камења, а има и две езера со т.н. „руска плажа“.

Коментари