Водич низ СКОПЈЕ

Камен мост

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Камен мост

loading map - please wait...

Камен мост 41.996849, 21.432931 Камен мост

Камениот мост е најпознатиот симбол на Скопје. Го има во сите промотивни видеа за градот, претставува најчест мотив на поштенските разгледници и доминира на грбот на Скопје. Најфреквентниот пешачки мост на реката Вардар го изградил или Јустинијан Iво VIвек или Мехмед II Освојувачот во XVвек. Низ вековите неговиот изглед бил менуван, бидејќи често бил жртва на поплави, земјотреси и пожари. Во 1944 година Камениот мост бил миниран од страна на фашистичката војска, но со ослободувањето на градот било спречено активирањето на поставениот динамит и мостот бил спасен од уривање.

 

kameni most_balkon3 mapi

Камениот мост ги поврзува плоштадот Македонија и Старата скопска чаршија. Од едната страна го „чуваат“ војводите – илинденци Гоце Делчев и Даме Груев, а од другата просветителите Свети Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум, чии споменици беа изградени како дел од проектот Скопје 2014.

Коментари