Водич низ СКОПЈЕ

Ирски паб „Сент Патрик“

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Ирски паб „Сент Патрик“

loading map - please wait...

Ирски паб „Сент Патрик“ 41.995070, 21.435656 Ирски паб „Сент Патрик“

Еден од првите вистински пабови во Скопје, со голем избор на пива и мезиња и вистинска пабска атмосфера и шарм. Ирскиот паб „Сент Патрик“ постои од 2000 година и се наоѓа на кејот на Вардар во ист ред со уште десетина кафулиња и ресторани.

irski pab 2_balkon3 mapi  irski pab 1_balkon3 mapi

Важи за едно од омилените места на љубителите на пиво во градот, но и за странските навивачки групи. Кога се играат значајни фудбалски натпревари во ирскиот паб е како на стадион. Гостите доаѓаат облечени во дресовите на своите омилени тимови, пеат навивачки песни, скандираат. Кога нема фудбал, пабот е фино место за муабетење со пријателите, нормално со ладно пиво и топло мезе. Храната е пристојна, а Ви препорачуваме да ги пробате пилешките прсти и похованиот кромид, кои најчесто се запишани на списоците со нарачки на келнерите.

Коментари