Водич низ СКОПЈЕ

Идадија

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Идадија

loading map - please wait...

Идадија 42.001463, 21.421091 Идадија

„Рано утро чкембе чорба, после секој своја борба“ велат стиховите на една од  песните кои најдобро го опишуваат духот на Скопје. Утринската чорба е омилениот ритуал на старите скопјани. Оваа традиција се почитува до денес и речиси нема кафеана која секое утро на своето мени нема телешка и чкембе чорба. Сепак, Балкон3 одлучи да ве одведе во „Идадија“, кафеана која постои речиси 90 години и се наоѓа во познатиот кафеански кварт во старата скопска населба, Дебар Маало.

idadija1_balkon3 mapi

Да се седи во „Идадија“ на чорба и ракија, ќебапи и пиво или едноставно на кафе – муабет со пријателите е задоволство кое не може да се опише туку мора да се почувствува. И за крај, еден интересн адет. Секое првојануарско утро жителите на Дебар Маало се собираат во „Идадија“ да го прослават почетокот на Новата година со мезе, пијалак и македонска народна музика. Точно напладне тие излегуваат од кафеаната и играат оро на улицата. Оваа традиција се негува уште од пред Втората светска војна.

Коментари