Водич низ СКОПЈЕ

Грција: Ако одите на островот Тинос

Дома Форум на патникот Дестинации Грција: Ако одите на островот Тинос

Viewing 0 reply threads
  • Author
    Posts
    • #10989
      Балкон3Балкон3
      Keymaster

      Островот Тинос, трет по големина во архипелагот Киклади, нуди по нешто за секого: млади кои уживаат во журки на плажа, романтични двојки, вљубеници во традицијата, медитерански гурмани, верници на аџилак, спортисти, љубители на природата, уметноста и семејства со деца!
      Островот се наоѓа во северните Киклади, близу до Сирос, Андрос и Миконос. Од двете пристаништа во Атина, Пиреа и Рафина, секојдневно заминуваат траекти и бродови кон Тинос а патувањето трае од 2 до 5 часа. Постои мрежа на локални автобуси кои ги поврзуваат поголемите населени места на Тинос, но потребна ви е мапа за полесно да ги најдете (со автомобил, мотор, такси или со стопирање) многубројните културни знаменитости и плажи.
      http://www.e-tinos.gr/downloads/map-of-tinos-A4.pdf

      Таверните се традиционални и едноставни. Може да пробате деликатеси од месо како што се: loutza (зачинета, сушена шунка), froutalia (омлет со компири и Тинос колбаси) и Volakiotiko katsikaki (локално јарешко месо) кое е многу ценето јадење за свечени прилики. Тинос не е остров на рибари и морнари, туку повеќе на фармери и сточари кои обезбедуваат производи од врвен квалитет на грчкиот пазар.

      Туристичките капацитети околу лесно пристапните плажи лоцирани близу поголемите населби воглавно привлекуваат семеен туризам. Песочните плажи Агиос Фокас, Киониа,Агиос Јоанис и Панормос (близу Пиргос) се популарни и кај семејствата и кај младите. За интерактивна мапа на најпознатите плажи на островот видете на http://www.tinos.biz/map_beach.htm

      Освен вкусните артичоки и мед, островот има најдобри сирења, органски вина а доматите сушени на сонце едноставно не смеете да ги пропуштите!
      Дарко
      darulin@yahoo.com

Viewing 0 reply threads
  • You must be logged in to reply to this topic.