Водич низ СКОПЈЕ

Безистен

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoQR-code-logoGeoJSON-LogoGeoRSS-LogoWikitude-Logo
Безистен

loading map - please wait...

Безистен 42.001146, 21.437035 Безистен

Безистенот е дефинитивно најшармантното место во Старата скопска чаршија. Некогашниот затворен пазар и центар на трговијата во градот, денеска е своевиден урбан микс од мини уметнички галерии, ликовни ателјеа, чајџилници, кафулиња.

bezisten1_balkon3 mapi

Безистенот е изграден во XV век и токму околу него почнала да се формира чаршијата. Сепак, тој објект бил неколку пати разурнуван, а денешниот изглед го добил на преминот од XIX во XX век. Станува збор за правоаголна градба со влезови од сите четири страни, во чија внатрешност има двокатни дуќани. Токму таа изолираност од околината го прави „свет за себе“.

bezisten2_balkon3 mapi   bezisten3_balkon3 mapi

Преку ден Безистенот е мирно место, во кое може да се напиете чај и да уживате во звуците на ориенталната музика. Доколку наидете на уметниците, кои тука имаат ателјеа, со задоволство ќе ви ги покажат своите дела. Навечер атмосферата е сосема поинаква, особено во текот на летото. Безистенот се претвора во ноќен клуб со луди забави до раните утрнински часови.

Коментари